Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените на Законот за здравствена заштита со кои се предлга цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравство (ФЗО).

„Со измените во Законот, дијагонстицирање и лекување на ковид-пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари (н.з. од 650 до 5.000 евра)“, се наведува во објавата на министерот.

Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да…

Posted by Венко Филипче on Вторник, 13 април 2021

Тој појаснува дека државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19.

„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја“, посочува министерот, притоа повикувајќи ги сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на регулацијата на цените за здравствени услуги на ковид-пацинети во приватните болници.

Share
Scroll to Top