Притворен е 41-годишен охриѓанец поради неколку инциденти во градот.
Како што информираат од полицијата тој, минатиот месец во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот.
Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид.