Синоќа во 21.00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за неврохирургија било пријавено дека Б.З.(62) од Свети Николе, кој бил пациент во клиниката, со тврди предмети, кои ги нашол во собата, фрлал кон пациентот С.В.(66) од с.Колари, кичевско.
Потоа, болничарот Н.Б.(23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла предмети, по што го отворил прозорецот и скокнал, по што се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Останатите двајца се здобиле со телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.