Повреден вработен во „Макстил“, пренесен на ургентно

пред 3 години

Компанијата „Макстил“ информира дека во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница е настанат инцидент при што е повреден еден вработен. Како што додаваат од компанијата, на повредеениот веднаш му била пружена прва помош и истиот е пренесен во ургентниот центар на универзитетската клиника за понатамошен третман, како и дека истиот е вон животна опасност.

„ Случајот е пријавен во надлежните институции чии екипи излегоа веднаш на самото место на настанот. Макстил АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите“ велат од „Макстил“.

Оттаму додаваат дека јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни.

Share
Scroll to Top