Полицаец зел пари од странец за да му го регулира престојот – поведена е дисциплинска постапка

пред 3 години

Полицијата поднесе кривична пријава против П.Ј., полициски службеник во Кочани поради злоупотреба на службена положба и овластување.

„Пријавениот искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на РСМ побарал и земал паричен надомест од пријавителот-странски државјанин“, соопшти МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Share
Scroll to Top