Поради врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Охрид-Ресен, планински премин Буково. За останатите учесници во сообраќајот е задолжилетна употреба на зимска опрема.
Патниот правец Македонски Брод – Скопје-кај село Близанско е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа остатоци од кашест снег.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.