Поранешниот судија и претседател на Кривичен суд Владимир Панчевски излегува од притвор

пред 3 години

По тринаесет дена издржување на затворската казна, поранешниот судија и претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, излегува од притвор. Ова доаѓа откако Врховниот суд ја укинал пресудата со која од велешкиот суд му беше одредена затворска казна од 3,6 години, а Апелација му ја намали на 2,6 години затвор. Одлуката на врховните судии е донесена по две недели откако Панчевски сам се пријави да ја опслужува затворската казна.

Тој сега, ќе треба да биде ослободен од затворот „Скопје“ во Шутка. Врховните судии, одлуката да ја укинат пресудата ја носат четири месеци откако Апелација му ја намали казната, што е релативно брз период, ако се има во предвид дека за одлука се чека по најмалку една година.

За потсетување, Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари. Тој е осуден за случајот поврзан со АКМИС системот. Беше осуден за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Според овинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

„Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.

Share
Scroll to Top