Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за „Ал Џезаира“ тврди дека е посредник на руските вакцини „Спутник В“ за Македонија, БИХ, Бугарија и Алжир.
Тој раскажа дека поседува договор за застапување, потпишан со инвестицски фонд од Русија.
„Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година“, вели Лакушиќ.
Тој ги потврдува и условите од договорот според кои се согласил за сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините, пишува „Ал Џезира“.
Додека Федерацијата на Босна и Херцеговина чека испорака на првите 100.000 дози на руски Спутник V од нарачаните 500.000, јавноста се прашува дали е најавена нова афера, со оглед на тоа што протекоа информации дека посредникот овластен од Рускиот инвестициски фонд за продажба на вакцини во поранешна Југославија е српски државјанин кој е поврзан со криминални активности.
Според извештаите во медиумите, Никола Лакушиќ, српски државјанин со адреса во Швајцарија, е поврзан со криминални активности, поради што има досие во српското Министерство за внатрешни работи.
Запрашан да ги разјасни проблемите што ги има со српското судство, Лакушиќ вели: „Имам проблем со властите во Србија, од нив произлегува проблемот со судството што трае веќе пет години, каде што ја докажувам својата невиност на сите основи“.
БиХ е првата земја во која Лакушиќ испраќа вакцини.