Потребни се предвремени избори, порача Мицкоски на средбата со францускиот амбасадор

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со партискиот потпретседател Александар Николoски се сретна со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција.

При средбата се отворија повеќе теми, при што се говореше и за актуелната политичка состојба во Македонија и за интеграциите на државата во ЕУ.

Мицкоски се осврна и на економските предизвици при што укажа загриженост и за енергетската криза чии последици, како што рече, се од неадекватното управување на политиките, а тоа го чувствуваат граѓаните на својот грб.

При средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека актуелната влада нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. А, со тоа се наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од актуелната криза.

„Државата не смее да стане заложник на лошите политики на власта и притоа да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и жртва на спорот со Бугарија создаден во време на владата на Зоран Заев“, додаде Мицкоски.

Share
Scroll to Top