По Штип и Гевгелија, невремето го зафати и регионот меѓу Неготино и Демир Капија

По Штип и Гевгелија, невремето го зафати и регионот меѓу Неготино и Демир Капија

пред 3 часа

По невремето што попладнево ги зафати регионите на Штип и Гевгелија, Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во 18:25 часот е регистрирана силна нестабилност меѓу Неготино и Демир Капија.

Според информацијата, нестабилноста е проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Од УХМР посочуваат дека централните и североисточните делови на државата сè уште се зафатени со нестабилно време, а временските прилики и понатаму се следат.

Претходно, невреме со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град беше регистрирано во регионите на Штип и Гевгелија, при што нестабилната воздушна маса се движеше кон југоисток.

Текстот По Штип и Гевгелија, невремето го зафати и регионот меѓу Неготино и Демир Капија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top