Претседателот на СОНК, Јаким Неделков информираше дека завршила денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни. Преговорите продолжуваат во петок кога очекуваме и конкретни одговори на нашите предлози“, објави Неделков на социјалните мрежи.
Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.
Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.