Прекини во гласањето во неколку изборни места

пред 3 години

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56 часот се до 14,13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал дупли ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Околу 14,04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Околу 12,45 часот во СВР Скопје Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во изборниот список истот им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М.Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top