Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

пред 3 години

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп пресечен е меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку нашата држава со крајна дестинација за Грција, а во вредност од околу 200.000 евра.

„ На патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми“ соопшти МВР.

М.Ј. е приведен, за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top