Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.
В вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја, а од среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.