Приведена млада скопјанка која со нож ја ранила својата мајка и била агресивна кон домашните

пред 4 години

Ноќеска по полноќ полицијата привела млада скопјанка, која со остар предмет ја нападнала својата мајка и ѝ нанела повреди. М.Б. (26) се однесувала агресивно кон членовите на семејството и кон полицајците кои вршеле службени дејствија.

Девојката била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top