Приведена скопјанка за која била распишана потерница

пред 3 години

На булеварот „Илинден“ во Скопје денеска полицијата ја лишила од слобода О.Ј.(69) од Скопје.

Како што информираат од МВР, за неа била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година во врска со сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Скопјанката била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во затвор за издржување на казната.

Share
Scroll to Top