Ковачевски: Се реализираат големи инфраструктурни проекти со поддршка на ЕБОР

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски го прими потпретседателот за политика и партнерство на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Марк Бауман, кој во придружба на директорот на ЕБОР надлежен за Република Северна Македонија, Анди Аранитаси, е во работна посета на нашата земја.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната поддршка на ЕБОР за Северна Македонија во реализацијата на приоритетните проекти и изрази уверување дека успешната и долгорочна соработка со банката ќе продолжи и понатаму.

На средбата беше истакнато дека во наредниот период од посебен интерес ќе биде поддршката на инвестициите за постигнување економски раст, особено оние од областа на зелената енергија, патната и железничката инфраструктура.

Енергетската криза особено покажа дека за нејзино надминување се значајни заеднички напори и инвестиции во енергетскиот сектор и обезбедување производство од домашни капацитети.

Проектите кои се изведуваат со финансиска поддршка од ЕБОР, како што е 10 мегаватната фотоволтаична електрана изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј, 30 мегаватни соларни фотоволтаици во РЕК Битола, како и поддршката за изградба на новата 400/110 киловолтната трансформаторска станица во близина на Охрид, се проекти што говорат за силното партнерство меѓу банката и Владата на Северна Македонија.

На состанокот исто така беше наведено дека природниот гас е клучен за економски развој на нашата земја и дека во таа насока поддршката за гасна интерконекција со Грција ги забрзува работите на изградбата на гасоводот на делниците Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево кои се финансираат со финансиска поддршка на ЕБОР.

На средбата беше истакнато дека за Северна Македонија од исклучително значење е поддршката на ЕБОР за рехабилитација на третата фаза од источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, последна делница Крива Паланка – граница со Бугарија, како и проектите за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Албанија и реализацијата на проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Учеството во поддршката на утврдените приоритетни области, беше речено на средбата, говори дека ЕБОР ги препозна како вредни капиталните инфраструктурни проекти во нашата земја и дека останува постојан партнер во забрзувањето на економскиот раст на Северна Македонија.

Share
Scroll to Top