Полицијата го приведе Х.П.(18) од селото Љубин, скопско, поради напад.
„Синоќа по претходна расправија, Х.П. физички го нападнал Е.К.(45) од Скопје и му нанел повреда со остар предмет. Х.П. се сомничи дека на 06.10.2021 со уште неколку лица физички го нападнал и малолетниот син на Е.К.. По целосно документирање на случајот против Х.П. ќе биде поднесена пријава по член 131 од Кривичниот законик“, велат од МВР.