Приведен крадец што ограбил скопска аптека

пред 3 години

Триесет и шестгодишен скопјанец (Е.А.) е приведен, откако синоќа извршил разбојништво во аптека на булеварот Видое Смилевски Бато.

Тој со закана од вработената одзел сеф со пари.

„Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во Полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top