Приведен малолетник од Скопје, бил затекнат додека извршувал разбојништво

пред 5 години

Синоќа во 19.50 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување разбојништво во продажен објект.

Одземениот промет веднаш бил вратен во касата, а од него бил одземен ножот со кој го извршил делото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше полицијата.

Share
Scroll to Top