Притвор за мажот кој прегази мопедист во Трубарево – возел пијан, а удрил и дете

пред 7 месеци

Скопското Обвинителство почна истражна постапка против 72-годишник, кој вчера во сообраќајна незгода усмрти мопедист во Трубарево.

На осомничениот му е определен 30 дневен притвор.

Тој возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили.

„Автомобилот го управувал со брзина на движење која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови, поради што изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во задното тркало од мопед „Баутијан“, без регистарски таблички управуван од учесникот во сообраќајот оштетениот Идриз Ќеримовски. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал“, велат од Обвинителството.

Потоа продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете родено 2011 година, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете задобило тешки телесни повреди.

Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера сопственост и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.

Share

GoGoAnime steins gate gogoanime: DARLING in the FRANXX (https://gogoanime.be/m/09BE) Episode 24

AniWatch anime websites: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 219

Scroll to Top