Пријава за штипјанка која наместо да седи во самоизолација, пазарувала во маркет

пред 4 години

Штипската полиција поднесе кривична пријава против жена на возраст од 72 години, со иницијали Д.И., поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 13. декември минатата година пријавената постапила спротивно на решението за самоизолација, издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат и го напуштила местото на самоизолација при што отишла да пазарува во продавница во Штип.

Share
Scroll to Top