Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода… не изедоа по затвори“

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода… не изедоа по затвори“

пред 10 месеци

Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“ кој почина на 54-годишна возраст.

„Почивај во мир Игор… Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода …не изедоа по затвори.!“, напиша Горан Ангелов-Ќосето.

„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние кои прво го искористија па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние кои го затворија сто години за “носење на пиштол” кој никој не го видел!“, напиша Јанаки Митровски.

„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа по зандани а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата“, напиша Драган Пешевски.

„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“, пишува Митко Чавков.

Текстот Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода… не изедоа по затвори“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top