Зечевиќ на 15-oт летен камп на СДММ: Принципите на државотворност и нацинанална гордост се одлика на македонските социјалдемократи

пред 2 години

Принципите на државотворност и национална одговорност врз коишто опстојуваат македонските социјалдемократи во исклучителните историски моменти, секогаш ја имале клучната улога во носењето исправни одлуки, порача синоќа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на отворањето на петнаесеттиот летен камп „Трајче Нешкоски“ во организација на СДММ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Осврнувајќи се на актуелната политичка ситуација и европскиот предлог , Зечевиќ истакна дека СДСМ како државотворна партија мора да ги создава доктрините за маледонската иднина како и иднината на целата нација, на државата, која е дел од европската иднина.

„Ние, како партија, мора да бидеме креаторите на новите македонски доктрини, на новиот македонизам, на државниот патриотизам.“ посочи Зечевиќ.

Во сите тие процеси, додаде генералниот секретар, клучна улога има и СДММ давајќи свој придонес како што тоа и досега го има правено.

„Повеќе од убеден сум дека ние, како социјалдемократи, ќе опстоиме на континуитетот на креирање и на спроведување национални и европски политики. Тие политики се директно и безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ. Како елементи за кои не се преговара во било кое време и околности, односно не се дел од преговарачкиот процес. Тој пат ќе го следиме и во иднина, затоа што тоа е нашиот модел за справување со предизвиците. И сето ова нема да биде можно без сеопфатно вклучување во овие процеси на нашата младинска организација. СДММ од секогаш била носител на новите ветришта, предвесник за новите политики. Така треба да биде и во иднина. Младите да го добијат своето место со поголемо учество во одлучувањето, а со тоа и во делот на креирањето на нови и свежи политики. Ние овие процеси мораме да ги оставиме отворени и инклузивни за младите. Заеднички да креираме нови теми, да предлагаме решенија, да реализираме проекти… Имаме многу за работа.

Младите носат свежи идеи, нов елан, младешка дрскост. Вие сте тие коишто ќе бидат носители на нашите политики во следните децении.

Затоа, бидете бунтовни, бидете агилни, бидете пркосни.“ порача Зечевиќ во своето обраќање на 15иот Летен камп „Трајче Нешкоски“.

Share
Scroll to Top