73 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 73 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Share
Scroll to Top