Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег

Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег

пред 10 месеци

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Текстот Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top