Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег

пред 6 часа

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Времето во наредните денови

До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top