Пронајдена дрога во стан во Битола, приведен сопственикот

пред 3 години

Триесет и тригодишен битолчанец е приведен откако вчера при претрес во неговиот стан полицијата пронашла дрога.

На 06.12.2021 на ул.„Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Битола го лишиле од слобода од Битола.

„ При претрес во домот на Д.Д.(33) и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.

Share
Scroll to Top