СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека АД Славија има 800.000 евра добивка

пред 3 години

“ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја лаже јавноста за да избегне одговорност за распарчувањето и распродавањето на Славија. Лага е тврдењето на опозициската партија дека АД Славија има добивка од 800.000 евра.Оваа лага вчера беше демантирани од страна на Агенцијата за управување со одземен имот”,се вели во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ истакнуваат дека вчера Агенцијата приложила документи и во сите изводи извадени од АД Славија, моментално има над 1,1 милиони денари или скоро 19.000 евра кои се користат за исплата на режиски трошоци и плати.

При официјален демнт, при јавно објавени документи, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ја лаже и манипулира јавноста.

“Партијата предводена од Христијан Мицкоски не може да избегне од одговорноста за распродажбата и обезвреднувањето на АД Славија кое се случувало помеѓу 2012 и 2017 година”, се вели во соопштението на СДСМ.

Share
Scroll to Top