„Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.
Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, гласаа против Декларацијата за Украина во Собранието.
Димитар Апасиев, партнерот на Мицкоски ги користи зборовите на Путин. Вчера и пратеникот Крмов Украинците ги нарече неонацисти.
Недозволиво е да се поддржува воена агресија врз суверена држава, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.
Со оглед на тоа дека Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и на локално ниво во повеќе општини, Мицкоски треба да одговори кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресија на Русија врз Украина од страна на Левица?“
Соопштение на СДСМ