СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно по јавното здравје

пред 7 месеци

ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен, соопшти СДСМ.

„ Пандемијата зема замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот, владата предводена од СДСМ прави се за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец, по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција“ се наведува во партиското соопштение.

Share

AnimeTV gogo anime tv kissanime: Death Note (https://animetv.cc/m/NZ7) Episode 37

4Anime 4anime: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://4anime.biz/m/gX8) Episode 25

Scroll to Top