Имаме успешен попис после цели 20 години по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ и покрај сите опструкции на Мицкоски, соопшти СДСМ.
„ Пропаднаа сите срамни обиди за бојкот и саботажа на оваа исклучително важна статистичка операција. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најавуваа бојкот при самото објавување на датумот на спроведување на пописот.
Истите тие бараа да се одложи пописот и иницираа петиција за собирање потписи против пописот. Мицкоски прв се потпиша. Лично тој пишуваше писма до амбасадорите против пописот.
И покрај сите овие опструкции, институциите спроведоа успешен, точен и кредибилен попис кој го поздравија Европската комисија и сите релевантни чинители“ порачаа од владејачката партија.