СДСМ: Предлог-Буџетот нуди можности за рестарт на македонската економија

пред 10 месеци

Предлог-Буџетот за 2021 година, подготвен од Владата предводена од СДСМ, е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија, оценува владејачката партија. Oттука наведуваат дека клучни сегменти во Предлог-Буџетот, кој од денеска е во собраниска процедура, се инвестициите во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции.

„За здравството, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот. Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените“, велат од СДСМ.

Додаваат дека реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, и затоа повикуваат тој да биде донесен од страна на сите пратеници, низ отворена и конструктивна дебата.

 

Share

https://animefreak.ws anime freaks tv

AnimeTV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeHeaven: Aquarian Age: The Movie anime episode Full online free at https://animeheaven.pro dr stone anime heaven

4Anime: Chou Denji Machine Voltes V (Dub) anime episode 20 online free at https://4anime.biz 4anime website

Degreed: https://degreed.com/profile/gogoanimebe#/collection

Reverbnation: https://www.reverbnation.com/artist/animeflixnl

Scroll to Top