21-годишно момче од с. Грдовци, се сомничи за физичко насилство врз неговата поранешна девојка, соопшти полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против К.Д.(21) с.Грдовци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 31.12.2021 во станот на неговата поранешна девојка, тој по претходна расправија физички ја нападнал со тврд предмет.