Силва и Вархеји слетаа во Скопје

пред 4 години

Аугусто Сантош Силва кој е министер за надворешни работи на Португалија – земја претседавач со Советот на Европската Унија, и комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, слетаа во Скопје.

На скопскиот аеродром ги пречека министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според предвиденото тие во текот на денот ќе се состанат со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, за да разговараат на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.

„МНР, Силва и #ЕУ-комесарот, Вархеи само што слетаа во Скопје, доаѓајќи во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката ?? иднина“, соопшти Османи.

Претходно, тие беа во Софија да го презентираат предлог планот за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, но од бугарските власти добија порака дека Бугарија нема да ги смени позициите за Северна Македонија.

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев ги отфрли надежите за излез од ветото, коментирајќи дека не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија.

Вархеји се сретна и со експремиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Бугарската новинска агенција БГНЕС оцени дека европските политичари во Софија претставиле план што го враќа разговорот речиси една година наназад, односно за модификација на предлогот за кој се разговарало лани во Берлин, а таквиот предлог за Бугарија не е прифатлив.

Share
Scroll to Top