Силен земјотрес од 5,5 степени во Грција, почувствуван и во Охрид, Струга и други делови од западна Македонија

Силен земјотрес од 5,5 степени во Грција, почувствуван и во Охрид, Струга и други делови од западна Македонија

пред 1 ден

Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала, чиишто епицентар потекнува од Грција, рано утринава беше почувствуван во повеќе делови од западна Македонија.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 4 часот и 32 минути, а епицентарот се наоѓа на околу 200 километри јужно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга.

Интензитетот на потресот во овие подрачја изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, кој се користи за потребите на сеизмолошките истражувања.

Текстот Силен земјотрес од 5,5 степени во Грција, почувствуван и во Охрид, Струга и други делови од западна Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top