Шеест и тригодишна жена од Кочани била жртва на закани од страна на нејзиниот син.
Според пријавеното во полицијата, во семејниот дом, нејзиниот син З.В.(40) ѝ се заканил дека ќе посегне по нејзиниот живот и ќе ја запали куќата.
МВР не соопшти детали што претходело на настанот. Синот е приведен, а по комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.