Пресуда за „Титаник“: Јанакиески и Јанкуловска добија затворски казни, Протуѓер условна казна

пред 2 години

Судијата Осман Шабани досуди условни, но и затворски казни во случајот “Титаник”. Сите обвинети кои признаа вина беа во судницата, освен, Коста Митровски. Судијата посочи дека сите се виновни, за што им се одредени казни. На рочиштето беше објаснето како било спречено гласачи да си го остварат гласачкото право, други биле носени од Косово и Албанија во Македонија за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а трети биле потсетувани дека треба да излезат на гласачко место за да гласаат. Миле Јанакиески доби најголема казна од 4,6 години затвор.

Мартин Протиѓер, ексшеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски доби условна казна, која ќе се биде затворска казна од две години ако во рок од пет години стори ново кривично дело. Миле Јанакиески, кој беше министер за транспорт и врски е осуден на 4,6 години затвор. На Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи изречена и е 2,6 години затвор. Билјана Бришковска е казнета со условна казна, која ќе биде затвор од две години ако направи исто кривично дело следните пет години.

Исто и Катерина Веловска која беше поранешна заменик-министерка за економија доби условна казна. На Киро Тодоровски, шеф на кабинет на Јанкуловска, му е досудена условна казна. Мунир Пепиќ, кој е осуден за “27 април”, сега доби казна затвор од една година. Коста Митровски доби три години затвор.

„ Грувски давал насоки за дејствијата. Протуѓер како ген.сек. на ВМРО-ДПМНЕ, како и Миле Јанакиески го организирале незаконското финансирање на кампањите, со намера да придобијат гласачи. Гордана Јанкуловска како министерка учествувала во организирање на групата, со притисоци. Катерина Веловска прифатила во текот на изборните денови да се јавуваат кај гласачи за да излезат или да ги спречат. Киро Тодоровски како шеф на кабинет на Јанкуловска прифатил да носи граѓани на Косово во Македонија за да гласаат. Мунир Пепиќ прифатил да носи лица од Албанија и Косово во Македонија за да им се даде адреса на живеење во Македонија во општини каде се потребни гласачи. Припадниците на групата извршиле повеќе кривични дела. Протуѓер барал од Јанкуловска службени лица да бидат распоредени во Охрид за да вршат притисоци”, рече судијата Шабани.

Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Освен тие што признаа вина обвинети во Титаник се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец Едмонд Темелко како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Share
Scroll to Top