Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

пред 2 години

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата.

Пратениците на СДСМ претходно најавија дека ќе го поддржат законот, посочувајќи дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада.

Од Левица реагираа за овој Закон, но на крајот немаше гласови против.

Претседателот на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни, поради што законот е поднесен по скратена постапка.

Текстот Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top