Со запален факел се обидел да подметне пожар во Струмица: под истрага едно лице за загрозување на општата сигурност

Со запален факел се обидел да подметне пожар во Струмица: под истрага едно лице за загрозување на општата сигурност

пред 4 месеци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира.

На локацијата брана Водоча се обидел да подметне пожар и да предизвика поголема имотна штета. Со запален факел од хартија и текстил ги запалил гредите на натстрешницата, кои започнале да чадат и да горат. Со тоа предизвикал ризик од пожар не само на објектот, туку и на повеќе други викенд-куќи и на нискостеблеста и високостеблеста вегетација во непосредна близина.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори односно да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Текстот Со запален факел се обидел да подметне пожар во Струмица: под истрага едно лице за загрозување на општата сигурност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top