Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

пред 3 години

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен круг е одлично спроведен во мирна и фер атмосфера.

Спасовски информираше за пријавени 91 настан за изборни нерегуларности што претставува, како што рече, намалување за 40 проценти во споредба со изборите во јули 2020 година, кога бил пријавен 151 настан.

Спасовски информираше за 42 пријавени случаи на агитирање, од кои 7 се отфрлени како неосновани, а по останатите се постапува. Евидентирани се 13 пријави за изборен поткуп, од кои пет отфрлени како неосновани, 7 за упатување закани или вознемирување гласачи, 6 случаи за фотографирано гласачко ливче, 3 за излепен пропаганден материјал, по два настана за нарушување на јавен ред и мир, за снимање на просторија на гласачки места, за фотографирање гласачи, два за уништување гласачки материјал, по еден за фрлени гласачки ливчиња, гласање од страна на Ковид позитивно лице, попречување гласање, како и една кривична пријава за настан случен за време на молкот.

Најголемиот број пријавени настани се на подрачјето на СВР Скопје-22, СВР Штип-19, СВР Куманово -16, СВР Битола -14, СВР Тетово – осум, СВР Велес-пет, СВР Охрид-три, СВР Струмица-три и едно известување од Секторот за компјутерски криминал, а се однесува за подрачје на СВР Скопје.

Пријавени се 7 случаи во кои се инволвирани полициски службеници, од кои 6 се проверени и од нив само две се основани, а еден е во фаза на расчистување.

Share
Scroll to Top