Спасовски на 72 сесија на УНХЦР: Република Северна Македонија е активен партнер на ОН

пред 2 години

Сите овие години, Република Северна Македонија е активен партнер на Обединетите нации, а особено на Канцеларијата на Високиот комесар за бегалците. Денес, верувам, активно придонесуваме кон меѓународните иницијативи со несебичен пристап, кој е се надевам, широко препознаен како отворен, искрен и необременет со предрасуди, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 72 сесија на Извршниот комитет на УНХЦР.

„Ние сме определени за следење и приближување до позитивните светски искуства, како и искуствата, иницијативите и законодавството на Европската Унија. Во делот на азилот, со цел усогласување на нашето законодавство со регулативата на Европската Унија, во 2013-та година беа ревидирани Директивите на Европскиот Совет и Парламент па во таа насока, извршено е усогласување со Директивите на ЕУ“, истакна Спасовски.

“Сите овие години, се менуваше структурата на барателите на правото на азил, така последните 2-3 години како баратели на азил најмногу се јавуваат лица од Авганистан, Пакистан, Сирија, најчесто мажи, полнолетни, но има голем број на машки, малолетници, додека значително е намален бројот на семејства и мајки со деца. Република Северна Македонија и понатаму останува земја транзит за барателите на право на азил, пришто целта на истите е Западна Европа потенцира министерот за внатрешни работи.

Како што појасни, ефективното управување со бегалците и миграциите се уште останува да биде еден од нашите главни приоритети, особено во делот на рана детекција и превенција на илегални преминувања и движења по Балканската рута, од неколку аспекти, а посебно во делот на граничната безбедност како и во поглед на намалувањето на ризиците по животот и здравјето.

„Безбедносната состојба на државните граници во моментов генерално е поволна. Главни предизвици се илегалното минување, криумчарењето мигранти и секундарните движења на мигрантите, но, не се регистрирани посериозни загрозувања на јавниот ред и мир и јавното здравје како резултат на мигрантската криза.
Заради одржување на таквата состојба, но и за соодветно справување со евентуален иден масовен прилив, се преземаат низа мерки и активности – продолжено е времетраењето на Одлуката за прогласување на кризна состојба на јужната и северната државна граница, што овозможува непречено користење на потребните национални ресурси и капацитети за справување со предизвикот“, нагласи Спасовски.

Share
Scroll to Top