Стара столарија значи загуба од 40% енергијата во текот на зимата!

пред 2 години

Важен елемент на секој дом претставува столаријата. Прозорците и вратите обезбедуваат безбедност, приватност, ја штитат внатрешноста на куќата од надворешни влијанија, но придонесуваат и за естетиката на фасадата и просторот воопшто. Тие играат значајна улога и во топлинската изолација на објектот. Дали знаевте дека дури 40% од топлинската енергија се губи во текот на зимата преку старите, дотраени прозорци и врати? Тоа ќе се одрази на месечните сметки. Затоа ги прашавме експертите како да знаеме дека е време да се замени столаријата и кога преку неа се губи енергија?

Тимот на платформата Daibau.mk, на која се регистрирани над 60 компании кои произведуваат и монтираат прозори, 98 фирми произведуваат и монтираат влезни врати и 90 фирми произведуваат внатрешни врати ги праша регистрираните фирми кога е потребно да се замени столаријата во домот за да се спречи загубата на топлина и поголема потрошувачка на енергија оваа зима? Некои од знаците се видливи, а некои не.

Кондензацијата е јасен индикатор

Кондензацијата може јасно да се види: замаглено стакло на прозорците и балконските врати во зима. Се јавува кога топол, влажен воздух (почесто се појавува во зима поради помалата вентилација) доаѓа во контакт со ладна стаклена површина. Тогаш температурата на воздухот почнува нагло да опаѓа, како и неговата способност да ја издржи влагата. Резултатот е замаглување и капки вода кои се лизгаат по стаклото.

Студените површини се создаваат поради лошо изведени споеви на прозорци и врати и/или кога столаријата е во лоша состојба. Во овој случај се јавуваат и топлински мостови. Доколку забележите постојана кондензација во вашиот дом, тоа е јасен знак дека е време да се јавите кај мајстори кои стручно ќе ја заменат столаријата.

Столаријата пропушта за време на врнежи

Ова е јасен знак дека столаријата треба да се замени, особено ако се очекуваат обилни врнежи од дожд во наредниот период. Доколку во вашиот дом се појави вода, тоа значи дека столаријата не ја врши својата функција и време е да ја замените старата столарија со нова.

Кога станува збор за прозорци, изборот се почесто паѓа на ПВЦ прозорци. ПВЦ прозорците имаат одличен сооднос цена-квалитет. Тие обезбедуваат добра звучна и топлинска изолација. Меѓутоа, при купување на ПВЦ прозорци, важно е тоа обрнете внимание на бројот на комори – колку повеќе комори имаат, толку е подобра изолацијата. Добар избор се оние со шест комори. Исто така, за ПВЦ прозорците да бидат енергетски ефикасни и да ви траат со децении, неопходно е нивно правилно монтирање.

Доколку барате сигурни, оценети изведувачи на кои би им ја довериле набавката и монтажата на прозорци, можете да побарате помош на горенаведената платформа Daibau.mk. Сите оценки на мајсторите и искуствата на претходните клиенти се транспарентни, а можете и да најдете приближни цени со цел подобро да го распределите буџетот.

Појава на мувла

Постојаните црни дамки на столаријата и ѕидовите се показател дека вашата столарија пропушта ладен воздух. Мувлата не само што ја расипува естетиката на просторијата, туку е лоша и за здравјето на луѓето, особено за оние со респираторни проблеми. Покрај тоа, создава непријатен мирис кој се шири низ просторијата. Кога ќе забележите траги од мувла, повикајте мајстори професионалци, кои прво ќе утврдат дали е можна поправка. Ако не, време е да за замена на столаријата.

Чувствувате протокот на ладен воздух во близина на столаријата

Доколку столаријата не е добро затворена, престојот во зимскиот период во ваквите простории, воопшто не е пријатен. Колку и да го засилите греењето, ако внатре влегува ладен воздух преку топлински мостови, нема да биде доволно топло. И во текот на летниот период ситуацијата не е подобра – ќе почувствувате дека топлиот, надворешен воздух, влегува внатре иако климата е вклучена. На овој начин се зголемуваат трошоците за климатизација. Проблемот може да се реши со затнување, но долгорочно се препорачува замена на столаријата.

„Чувството на провев и покрај тоа што столаријата е затворена е јасен знак дека се губи енергија во објектот“, истакна наш регистриран монтер на столарија, со долгогодишно искуство.

Овој проблем не се јавува само кај прозорците туку и кај вратите. Влезната врата мора да обезбеди и топлинска изолација, покрај безбедноста и естетиката. За да ја исполнат својата повеќекратна улога, тие треба да бидат изработени од цврсти материјали и правилно монтирани. За набавка и монтажа на влезна врата изберете докажани компании кои нудат долгорочна гаранција.

Столаријата тешко се отвора/затвора

Тоа е еден од најчестите проблеми што се јавуваат кај столаријата со текот на години на употреба. Честопати, тешкото отворање на прозорците и вратите може да се реши со едноставна поправка, но тоа е јасен показател дека се ближи крајот на векот на столаријата и дека е најдобро во блиска иднина, да се замени. Ако секое отворање на прозорци и врати предизвикува непријатност и употреба на физичка сила, тоа значи дека нивната функционалност е нарушена.

Неподнослива бучава

И конечно, ако ја слушате бучавата од улицата како да сте надвор, тоа е уште еден знак дека веројатно ви треба нова столарија. Интересно е што столаријата пропушта во просторијата 7 пати повеќе бучава од ѕидовите. Доколку столаријата е оштетена, таа повеќе нема да обезбедува добра звучна изолација.

Исто така, ако ја слушате бучавата од другата соба погласно и појасно од вообичаено, можеби е време да ги замените собните врати.

Иако претставува поголема инвестиција, замена на столаријата ќе придонесе за безбедност, удобност и подобрување на естетиката на вашиот дом.

Share
Scroll to Top