Таткото на убиената Вања и денес негира дека кажал на грабнувачите кога таа ќе излезе од дома, заврши распитот

Таткото на убиената Вања и денес негира дека кажал на грабнувачите кога таа ќе излезе од дома, заврши распитот

пред 1 година

И на денешниот распит кај јавен обвинител Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче негира дека дал информации кога и каде грабнувачите може да ја начекаат сама. Од Обвинителството само кусо известија дека распитот на таткото завршил и дека тој во основа негира вмешаност.

Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски известија дека двјаца од приведените во исказите кажале дека информациите за тоа кога убиената Вања Ѓорчевска ќе излезе сама од дома ги добиле од организаторот Љупчо Палевски – Палчо, кој, пак, им кажал дека ги добил од таткото.

Министерот и обвинителот вчера уверуваа дека сите тврдења во исказите на приведените се потврдени со материјални докази.

Таткото на Вања и во искзот во полиција негирал вмешаност, за што вчера извести обвинителот Бубевски.

На Александар Ѓорчевски доцна синоќа му беше одреден притвор од 48 часа.

Текстот Таткото на убиената Вања и денес негира дека кажал на грабнувачите кога таа ќе излезе од дома, заврши распитот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top