СДСМ: Арсовска за три пати го намали буџетот за животна средина, вака уште долго ќе нема чист воздух во Скопје

пред 2 години

„Наместо да ги зголеми парите за животната средина, градоначалничката Данела Арсовска ги намалува и тоа за три пати помалку.

Ова е само една во низата погрешни одлуки на Данела со кои нанесува директна штета на скопјани.

Арсовска во својата кампања ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозагадувањето но граѓаните гледаат дека нема ништо од тоа.

Со овој пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот“.

Соопштение на СДСМ

Share
Scroll to Top