Тетовец нелегално емитувал телевизиски канали, имал цела листа на корисници

пред 5 години

Тетовската полиција поднесе кривична пријава 37-годишниот Б.А. од овој град поради сомнение за сторено кривично дело повреда на авторски и сродни права.

Како што информираат од МВР, пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства, неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис, без да биде лиценциран оператор, заведен во регистарот на даватели на вакви услуги.

На 25 јули годинава полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три лап-топ компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело.

Имено, на лап-топ комјутерите преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТV програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги.

Share
Scroll to Top