Дваесетгодишен велосипедист од Скопје е тешко повреден откако доцна синоќа во него удрил автомобил на улицата „Кемал Сејфула.
По незгодата А.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.