Министерот за правда Никола Тупанчески на денешната прес-конференција информираше за координираната акција во текот на вчерашниот ден која беше спроведена во КПД Идризово, а во која при претресот во затворските простории беа пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, психотропни супстанции и недозволени материи. По комплетирање на документите, доколку се утврди одговорност, ќе се бараат оставки на сите чинители.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
,,Никој нема да биде поштеден од одговорност. Би требало да има градација на одговорност затоа што тука не се работи за дисциплинска одговорност. Постапката за именување и разрешување на директор на КПУ е утврдена со закон. Таму е јасно наведено дека доколку некој не ги исполнува условите тогаш не може да зборуваме за професионализација на затворскиот менаџмент”, рече Тупанчески.
Министерот Тупанчески информираше и за неодамнешната посета на Комитетот за борба против тортура и нечовечко понижување и постапување во затворите во чии извештаи имаше сериозни забелешки за дел од затворскиот менаџмент кој според нив не ги исполнуваат условите за извршување на функцијата. Пораката беше пренесена и до Министерството за правда , заедно со другите институции да се почне со отстранување на недостатоците.
,,Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција за девијантните појави. Ова е шанса да се почне со подобрување на состојбите во затворите”, порача Тупанчески. Министерот Тупанчески информираше дека претресот во КПД Идризово не бил селектиран. Координирани акции во казнено-поправните установи ќе има и во наредниот период, а секое именувано лице ќе сноси одговорност доколку стори кривично дело за злоупотреба на службената положба.