Уапсено лицето што го запали центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

пред 2 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е откриено лицето што го подметнало пожарот во центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој истакна дека се работи за брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.

Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!

Share
Scroll to Top