Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег

Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег

пред 3 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

Текстот Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top